Македонија Променливо облачно време, а попладне со дожд и грмежи

Променливо облачно време, а попладне со дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно претпладне, со почести сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено на север и на запад.

Утринската температура се движи од 9 до 15 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 23 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно претпладне, со повеќе сончеви периоди, а попладне и со услови за појава на нестабилност со повремено пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи во интервалот од 14 до 27 Целзиусови степени.

До четврток ќе се задржи променливо облачно време, а претежно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. В среда и в четврток се очекуваат поинтензивни процеси, особено во западните и северните делови. В петок и в сабота ќе има појава на повремен локален дожд.