Галерија Пролетната температура и сонцето го наполнија охридското шеталиште

Пролетната температура и сонцето го наполнија охридското шеталиште

Убавото и сончево време, со дневна температура која напладне достигна 10 Целзиусови степени, ги извлече охриѓани од своите домови, а туристите надвор од хотелите.

Некои уживаа во прошетка и во другарување со галебите по кејот на Охридско Езеро, други ги посетија летните тераси на градскиот плоштад.

Ликовниот уметник и познат екологист Свето Стефаноски доби инспирација и во средината на јануари и сред зима, организираше галерија на отворено.