Економија Производителите на нафта се состанаа во Катар

Производителите на нафта се состанаа во Катар

Претставници на земјите производители на нафта се состанаа во Катар, каде што ќе разговараат за можното замрзнување на производството на нафта, но одлуката на Иран да не учествува во преговорите може да влијае врз договорот.

Најголемите производители го разгледуваат прашањето за замрзнување на производството на нафта за да се спортистават на глобалниот тренд на падот на цената на светскиот пазар.

Претставници од Катар, Русија, Саудиска Арабија и од Венецуела на состанокот одржан во Доха во февруари, се сложија дека ќе ја ограничат експлоатацијата на своите суровини ако и другите производители го сторат тоа.

Ограничувањето на производството на нафта би можело, како што се наведува, да влијае на зголемување на цената на нафтата, по нејзиниот голем пад.

Во меѓувреме, работници во нафтената индустрија во Кувајт, штрајкуваат поради најавената можна одлука.