Видео Произведена е батерија што може да се витка

Произведена е батерија што може да се витка

Иновациите во ИТ-светот се чести и интересни, но научниците од Јужна Кореја го воодушевија светот претставувајќи ја флексибилната батерија на саем во Јапонија.

Батеријата „џеј флекс“ (J.Flex) е дизајнирана за да ѝ помогне на индустријата за мобилни уреди, која завладеа со светот. Ваквата батерија ќе помогне при дизајнирањето на идните уреди, затоа што нема да има потреба од ригидни батерии.

Произведувачите и корисниците можат да ја свиткуваат на начин на кој најмногу им одговара. Батеријата досега минала тест од 200.000 успешни свиткувања.