Свет Балкан Продолжувањето на вонредната состојба е добро за Турција, смета Ердоган

Продолжувањето на вонредната состојба е добро за Турција, смета Ердоган

Турција ќе има полза од продолжувањето на вонредната состојба за уште три месеци затоа што е потребно дополнително време по неуспешниот удар во јули за искоренување на заканата, односно на терористичките групи, изјави денеска во Анкара турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Говорејќи ден откако турскиот Совет за национална безбедност ја продолжи вонредната состојба, Ердоган рече дека мерките ја забрзуваат борбата против тероризмот и изрази надеж дека Турците ќе го поддржат тоа.

– Владата ќе донесе оцена и ќе ги преземе неопходните чекори за тоа прашање – рече Ердоган.