Македонија Приведени три лица за вчерашното убиство во Чаир, соопшти Спасовски

Приведени три лица за вчерашното убиство во Чаир, соопшти Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска соопшти дека се приведени три лица во врска со вчерашното убиство на 24-годишното момче во Чаир.

– Работиме интензивно со групата на СВР Скопје и Обвинителството. Најдено е возилото „застава југо“ од кое е извршено убиството, како и 20 чаури и четири зрна, два мобилни телефона. Се разговара и со роднините, пријателите и луѓето кои биле во контакт со убиениот – рече Спасовски, кој денеска беше во посета на Центарот за обука на МВР во Идризово.

Тој додаде оти се очекува во текот на истрагата да се откријат мотивите за убиството и да се обезбедат докази за сторителот.