Македонија Приведен возачот на „пикапот“ на „Шарена револуција“

Приведен возачот на „пикапот“ на „Шарена револуција“

По завршувањето на денешниот протест, полицијата во близина на Градска болница во Скопје го привела возачот  на „пикапот“ на „Шарената револуција“.

Веста ја потврдија и од „Шарена револуција“ и на својот „Фејсбук“ профил објавија:

„Режимот повторно се обидува да удри по нашите соборци, но нема да им успее! Вечерва, на крајот од протестот во Скопје, од страна на неуниформирани полициски лица приведен е Џовани, возачот на пикапот на ‪#‎ШаренаРеволуција‬ од каде секој ден ечат нашите гласови и нашите звуци.  Џовани се наоѓа во полициска станица Пролет (Кисела Вода). Нема објаснување зошто е приведен, кажано му е да чека.
Пред полициската станица веќе се собираат стотици граѓани во знак на поддршка на нашиот соборец.
Џовани, со тебе сме, знаеме сите дека ќе има правда и ќе има мир. Ќе издржиме зашто заедно сме силни, зашто слободата е на прагот, а до тогаш ‪#‎НемаПравдаНемаМир‬!“, стои во „Фејсбук“ статусот.