Македонија Приведен Скопјанец, криумчарел мигранти од Куба

Приведен Скопјанец, криумчарел мигранти од Куба

Фото: МВР

Синоќа околу 20.00 часот на влезот за с. Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода З.Љ.(42) од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во „пежото“ со скопски регистарски таблички кое управувал 42 годишниот скопјанец биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Л.М.Л.(39), Р.Р.Д.(31) и еден малолетник.

Мигрантите биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител. З.Љ. бил приведен и предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведено е во соопштението на МВР.