Главна секција Приведен поранешен градоначалник на Охрид

Приведен поранешен градоначалник на Охрид

Поранешен градоначалник на Охрид утрово е приведен во Скопје, неофицијално дознава агенцијата „Мета“ од полициски извори.

Приведувањето, како што дознаваме, се доведува во врска со злоупотреба на службена положба, незаконско делење тендери и со сомнителни бизниси. Сумата на злоупотребени парични средства, која неофицијално се наведува, е околу два милиони евра.

Заедно со поранешниот градоначалник е приведена и поголема група негови соработници.

Полицијата во текот на денов ќе излезе со повеќе информации за приведениот, кој е и функционер и дел од највисокото партиско раковдство на опозицискиот СДСМ.