Македонија Приведен кичевчанец – со туѓа лична карта се обидел да земе брз...

Приведен кичевчанец – со туѓа лична карта се обидел да земе брз кредит

Тој, со лична карта на друго лице и без добиена согласност, се обидел од кредитно друштво во Кичево да подигне кредит и на тој начин да се стекне со протиправна имотна корист

Фото: Порталб.мк

Вчера на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници го лишиле од слобода А.Е., 28-годишен, од кичевското село Аранѓел.

„Тој, со лична карта на друго лице и без добиена согласност, се обидел од кредитно друштво во Кичево да подигне кредит и на тој начин да се стекне со протиправна имотна корист. При преглед кај него, полициските службеници ја пронашле и одзеле личната карта“, соопшти полицијата.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.