Свет Европа Природните катастрофи светот го чинеа 90 милијарди долари

Природните катастрофи светот го чинеа 90 милијарди долари

Светот потрошил околу 90 милијарди долари за санирање на последиците од природни катастрофи за време на 2015 година, што е најниска сума од 2009 година, соопшти германската осигурителна група „Минхен ре“, во својот годишен извештај.

Многу тропски бури минатата година ги погодиле слабо населените подрачја, при што 27 од 90 милијарди долари се потрошени за санирање на штетата.

Најскапа и најсмртоносна природна катастрофа беше земјотресот во Непал во април 2015 година. Загинаа 9.000 лица, а штетата е проценета на 4,8 милијарди долари.