Свет Примирјето во Сирија се почитува

Примирјето во Сирија се почитува

Прекинот на огнот во Сирија во голема мера се почитува, а воочени се само спорадични провокации, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

– Генерално, прекинот на огнот на територијата на Сириската Арапска Република се почитува. Можат да се воочат само спорадични провокации и гранатирања – рече Конашенков.

Русија претходно соопшти дека ги запрела бомбардирањата во Сирија, во согласност со договорот за прекин на огнот, усогласен со САД.

Москва напомена дека примирјето не се однесува на милитантните групи, како што се Исламска држава и Фронтот Нусра.

Договорот на Русија и на САД за примирјето во Сирија од 22 февруари е потврден и со резолуција од Советот за безбедност на ОН.