Хроника Прилепчанец натепал шумски полицаец

Прилепчанец натепал шумски полицаец

Прилепската полиција поднела кривична пријава против З.З. (35), жител на градот, кој се товари дека на почетокот на овој месец натепал шумски полицаец.

Според полициските информации, инцидентот се случил на 6 јуни, пред амбулантата во Прилеп.

Осомничениот го нападнал лицето, удирајќи го по главата и по телото, а откако го соборил на земја, продолжил да го тепа.

Причина за нападот, според полциијата, било тоа што шумскиот полицаец му поднел пријава на З.З. за кражба на дрва.

Против прилепчанецот е поднесена пријава со која се товари за кривичното дело насилство.