Македонија Пријава за кавадарчанка – со личната карта на мајка ѝ подигнала брз...

Пријава за кавадарчанка – со личната карта на мајка ѝ подигнала брз кредит

Гостиварското обвинителство поднело кривична пријава против Ш.А.(36) од селото Марена, кавадаречко, за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“

Фото: Порталб.мк

Гостиварското обвинителство поднело кривична пријава против Ш.А.(36) од селото Марена, кавадаречко, за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и против И.Н.(43) и Г.П.(30), двајцата од Гостивар, поради сомнежи за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Според полицискиот билтен, на 2 октомври 2021 година кавадарчанката ја употребила личната карта на нејзината мајка во подружница на мобилен оператор во Гостивар и склучила договор за месечна претплата.

Истиот ден, таа повторно ги злоупотребила личните податоци од нејзината мајка во продавница за брзи кредити во Гостивар и подигнала брз кредит.

Второпријавениот, како агент за продажба во подружница на мобилниот оператор во Гостивар и третопријавената, вработена како агент за склучување договори во продавница за брзи кредити, според полицијата, пропуштиле да извршат надзор при идентификување на клиентот и овозможиле на кавадарчанката да се стекне со противправна имотна корист.