Свет При пожарите во Калифорнија загинаа 35 лица, 600 се исчезнати

При пожарите во Калифорнија загинаа 35 лица, 600 се исчезнати

На северот на сојузната американска држава Калифорнија, 22 пожари досега однесоа 35 животи.

Властите предупредуваат дека бројот би можел да се зголеми затоа што повеќе од 600 лица се водат како исчезнати.

Најмалку 3.500 куќи и компании се уништени во најопасните пожари во историјата на Калифорнија, кои во неделата вечерта избија северно од Сан Франциско.