Македонија При крај е распределбата на возилата од МЗШВ за здравствените установи

При крај е распределбата на возилата од МЗШВ за здравствените установи

Министерство за здравство извести дека при крај е процедурата за распределба на возилата кои ги даде Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) до здравствените установи, пишува „Порталб.мк“.

„Изготвени се одлуките за давање на трајно користење на возилата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во следните јавни здравствени установи: Клиничка болница Битола, Клиничка болница Тетово, Клиничка болница Штип, Општа болница Гостивар, Општа болница со проширена дејност Кавадарци, Здравствен дом Македонски Брод, Здравствен дом Делчево и Здравствен Дом Виница. Постапката на примопредавање на возилата е во тек. Наредната недела треба да биде примопредадено и возилото на здравствен дом во Македонски Брод, со што сите возила од МЗШВ ќе бидат ставени во функција за потребите на здравствените установи“, велат од Министерство за здравство.

Овие осум возила, МЗШВ ги даде на здравство за да се засили капацитетот на Итна медицинска помош. Ова се случи по несреќата во Ласкарци, бидејќи во тој случај излегоа на површина недостатоците на Итната медицинска помош.Возилата од МЗШВ имаат функција само на транспорт на пациенти, а не за работа на терен.