Македонија Презентиран нов зрачен апарат за онколошките пациенти во „8 Септември“

Презентиран нов зрачен апарат за онколошките пациенти во „8 Септември“

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски по повод Денот на независноста денеска заедно со министерот за здравство Беким Сали присуствуваа на презентација на апарат за зрачна терапија за онколошки пациенти во Градската болница „8 Септември”. Апаратот кој треба да биде целосно ставен во функција до крајот на годината го презентираше директорот на болницата Христијан Костов.

Со овој апарат кој се очекува да биде ставен во полна функција до крајот на годинава, значително треба да се растовари притисокот на онколошкото одделение на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, бидејќи дури една третина од тамошните пациенти, здравствената нега и услуга ќе продолжат да ја добиваат во болницата „8 Септември“ на високо квалитетен акцелератор од понова генерација, ваков акцелератор нема во регионот овој е од понова генерација.

„Како одговорна Влада која се грижи пред сѐ за граѓаните и работи во нивен интерес, направивме се што е во наша моќ да ги обезбедиме потребните услови и дозволи и да го ставиме во функција. Токму затоа, симболиката на денешниот ден е јасна. Не случајно го избравме, Денот на независноста – 8 Септември да го презентираме овој значаен проект во истоимената болница“, стои во соопштението на Владата.