Македонија Претставници на ЕПП го осудија обидот на СДСМ за недемократско преземање на...

Претставници на ЕПП го осудија обидот на СДСМ за недемократско преземање на власта

Четириесет и девет претставници на Еворпската народна партија (ЕПП) потпишаа декларација со која се осудува обидот за недемократско преземање на власта во Македонија.

„Ја изразуваме нашата загриженост за најновите случувања за политичката ситуација во Македонија, особено за неодговорното однесување на опозицијата“, стои во декларацијата, чиј автор е претседателот на ЕПП во Советот на Европа, Шпанецот Педро Аграмунт.

Претставниците на ЕПП истакнуваат дека ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во Европската унија и во НАТО, но додаваат дека евроатлантските интерграции на државата се заедничка одговорност и на власта и на опозицијата.

„Истакнуваме дека парламентарните избори во Македонија беа слободни и фер, како што и се наведува во извештаите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Парламентарното собрание на Советот на Европа“, се наведува во декларацијата.

Потписниците на декларацијата ги осудуваат заканите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кон премиерот Никола Груевски, како и инволвираноста на странските тајни служби во нелегалното прислушување на телефонските разговори на највисоките политички претставници на Македонија.

„Само политичките аргументи и програмите врз основа на гласовите на граѓаните се демократски начин да се победи на избори. Бараме да се обнови политичкиот дијалог и одговорно однесување на опозицијата; враќање на пратениците на опозицијата во Собранието за целосно да ги искористат своите парламентарни мандати; слободни и независни судска процеси, спроведени во согласност со највисоките европски стандарди, како и транспарентна постапка“, се наведува во декларацијата, во која се повикува опозицијата да ги почитува демократските правила на политичкиот систем.