Македонија Претставничкиот дом на САД усвои нови санкции за Русија, Иран и за...

Претставничкиот дом на САД усвои нови санкции за Русија, Иран и за Северна Кореја

Со 419 гласови „за“ и само три „против“, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа го усвои предлог-законoт за воведување дополнителни санкции кон Русија, Иран и кон Северна Кореја. Законот го поддржаа и републиканците и демократите, и покрај противењето на американскиот претседател Доналд Трамп.

Законот сега треба да оди на гласање во Сенатот, по што треба да биде одобрен и од претседателот Трамп, кој, пак, има право да стави вето. Засега не се знае кога предлог-законот ќе се најде пред Сенатот, а од Белата куќа соопштија дека претседателот Трамп сè уште не одлучил дали ќе го потпише.

Со предложениот закон, освен тоа што се воведуваат дополнителни санкции, исто така се усложнува и процедурата за нивно укинување од претседателот. Претседателот, според предлог-законот, ќе мора да добие одобрување од Конгресот за да ги укине или олесни санкциите кон која било од трите земји.