Галерија Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Украина

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Украина

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска на Плоштадот на независноста во Киев присуствуваше на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина. Фото: Кабинет на претседател на РСМ, 24 август 2021

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска на Плоштадот на независноста во Киев присуствуваше на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина.

На настанот, на којшто се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се одржаа церемонии на подигнување на украинското знаме и доделување признанија, како и празнична парада на вооружените сили на Украина.

Во палатата Маријински, претседателот Пендаровски присуствуваше на прием, приреден од украинскиот претседател Зеленски.

Прославата на 30-годишнината од независноста на Украина се одржува под слоганот „Ти си моја единствена“ со присуство на над четириесетина делегации од земји и меѓународни организации со стотици странски гости, вклучително и шефови на држави, претставници на странски влади и парламенти.