Свет Балкан Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, во дводневна посета на Македонија и на...

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, во дводневна посета на Македонија и на Грција

Томислав Николиќ, претседателот на Србија, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Македонија и на Грција, јавува новинската агенција „Танјуг“.

Денеска тој ќе им оддаде почит на српските војници погребани на воените гробишта од Првата светска војна во Солун, Грција, по што ќе оствари средба со Апостолос Цицикостас, гувернер на грчкиот регион на Централна Македонија.

Николиќ утре ќе присуствува на церемонијата по повод Битката на Кајмакчалан во Македонија. Тој во Битола ќе се сретне со претседателот на република Македонија, Ѓорге Иванов.

Предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка прес-конференција. Николиќ ќе положи цвеќе на српските воени гробишта во Битола.