Македонија Претседателот Иванов ќе учествува на состанокот во Брисел посветен на бегалците

Претседателот Иванов ќе учествува на состанокот во Брисел посветен на бегалците

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска во Брисел ќе учествува на лидерскиот состанок посветен на приливот на бегалци во земјите на балканската рута.

Целта на состанокот е усвојување заеднички оперативни заклучоци поврзани со приливот на бегалци.

Покрај македонскиот претседател, на лидерскиот состанок се поканети шефовите на држави или влади на Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Романија, Австрија и на Германија.

Најавено е учество и на претседателот на Европскиот совет, актуелниот претседавач со Советот на ЕУ – Луксембург, како и високиот комесар за бегалци на ОН.