Свет Европа Претреси во неколку куќи во Брисел, уапсени четири лица

Претреси во неколку куќи во Брисел, уапсени четири лица

Во рамките на истрагата за спречениот бомбашки напад на централната станица во Брисел, извршени се претреси на куќи во главниот град на Белгија, при што приведени се четири лица.

Како што се наведува во соопштението на обвинителството, претресите во четири куќи се случиле доцна синоќа во различни населби, вклучувајќи ја и Моленбек. Судија во текот на денот би требало да одлучи дали притворот на приведените ќе им биде продолжен.

Белгиската полиција за борба против тероризмот ги истражува мотивите на осомничениот бомбаш самоубиец што го убија војниците кои ја чуваат железничката станица во Брисел, откако тој предизвикал експлозија во која никој не е повреден.

Истражните органи го идентификувале осомничениот, но уште не го објавиле неговото име.

Белгиската престолнина во која се наоѓаат седиштата на НАТО и на ЕУ е во состојба на зголемена безбедност откако ќелијата на Исламска држава со седиште во Брисел го организираше нападот во кој 130 лица беа убиени во Париз во ноември 2015 година.

Во Брисел, четири месеци подоцна, во март 2016 година, бомбаш самоубиец усмрти 32 лица.