Дописници Претпразнично гореше уште едно возило во Штип

Претпразнично гореше уште едно возило во Штип

Уште едно запалено возило сред ноќ на паркинг во Штип е пријавено во штипската полиција. Според полицискиот билтен, ноќта на 08.09.2020 година во 02.05 часот во СВР Штип е пријавено дека во населбата „8-ми Ноември“ на ул.„Булевар ЈНА“ во Штип гори возило од марката „мерцедес“,  сопственост на Е.Ќ.(24) од Штип. Пријавено е дека пожарот настанал во временскиот период од 01.30 до 02.00 часот, додека возилото било паркирано. „Мерцедесот“ е речиси целосно изгорен.

– Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип – соопштуваат од полицијата.

Пожарот избил од предниот дел, по што пламнало целото возило. Од СВР Штип не прецизираат дали станува збор за кривично – правен настан, односно е дел од серијата намерни палења на возила во Штип, што без прекин трае близу две години. За шест од опожарените близу триесетина возила е потврдено дека се работи за намерно палење, односно дека е кривично – правен настан и како такви се процесуирани до Јавното обвинителство.

Пред само дваесетина дена, на 20-ти минатиот месец во раните утрински часови во Штип гореше „голф“. И за овој случај нема детали.