Македонија Претпладне сончево, попладне со услови за пороен дожд

Претпладне сончево, попладне со услови за пороен дожд

Времето претпладне ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, локално и во форма на невреме.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 28 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време со температура до 34 Целзиусови степени.