Македонија Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 Целзиусов степен, а дневната од 27 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 34 степени.