Македонија Претпладне сончево време, попладне нестабилно со пороен дожд

Претпладне сончево време, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од шест до 25 Целзиусови степени.

Во Скопско слично време, температурата ќе биде од 14 до 24 Целзиусови степени.

Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок и сабота ќе има локална појава на пороен дожд со ретки грмежи, но процесите се очекува да бидат послаби. И во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет.