Македонија Претпладне сончево време, попладне со услови за дожд и ветер

Претпладне сончево време, попладне со услови за дожд и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Врнежите ќе почнат од запад, а послаби врнежи ќе има на исток и во централните делови. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од шест до 16 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со утринска температура до еден степен и дневна до 13 Целзиусови степени.