Македонија Претпладне сончево, попладне промена на времето

Претпладне сончево, попладне промена на времето

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемена облачност, а во вечерните часови во западните и во северните делови од земјава ќе има локален дожд.

Врнежите во текот на ноќта ќе се прошират кон централните делови. Ќе дува умерен ветер од јужен и од југозападен правец, кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе се засили.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Врнежите во текот на ноќта ќе бидат почести. Ќе дува умерен ветер кој кон крајот на денот ќе преминува во северен. Температурата ќе се движи од 8 до 26 Целзиусови степени.

Врнежите утре повремено ќе бидат пообилни.