Македонија Претпладне сончево, попладне облачно со дожд

Претпладне сончево, попладне облачно со дожд

Во Македонија времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево со мала од умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а попладне се очекува развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Нестабилно време особено се очекува во северните и западите делови од земјата.

Утринската температура се движи во интервал од 13 до 22 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 8.

И во Скопје се очекува слично време, односно претпладне сончево, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, со слаб до умерен интензитет, грмежи и засилен ветер.

Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 36 Целзиусови степени.