Македонија Претпладне сончево, попладне нестабилно со локален пороен дожд и со грмежи

Претпладне сончево, попладне нестабилно со локален пороен дожд и со грмежи

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд и со грмежи. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура се движи од 13 до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 29 Целзиусови степени.

Нестабилното време, според синоптичарите, ќе се задржи до средината на следната недела. До среда во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и на грмежи со променлив интензитет, но сепак процесите ќе бидат полокализирани. Стабилизирање на времето ќе има од четврток, кога ќе дува засилен северен ветер.