Македонија Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер

Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер

Времето во Македонија претпладнево ќе биде сончево, со умерена облачност, а во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста и појава на нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови на земјава, а не е исклучена и појава на невреме со град.

Утринската температура се движи од 12 до 20 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје се очекува слично време, претпладне сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Максималната дневна температура во главниот гард ќе се искачи до 32 Целзиусови степени.