Македонија Претпладне сончево и топло, попладне со услови за невреме

Претпладне сончево и топло, попладне со услови за невреме

Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северен ветер, особено во северните и источните делови.

Во вечерните часови локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме. Температурата ќе се движи од 24 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, температурата ќе достигне до 33 Целзиусови степени.