Македонија Претпладне сончево и топло, попладне со локален дожд

Претпладне сончево и топло, попладне со локален дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови од земјава. Попладне е можна локална појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во западните планински предели.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 Целзиусови степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 29 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје се очекува слично време. Температурата ќе се движи од 15 до 33 Целзиусови степени.