Македонија Облачно време со врнежи од дожд и умерен северен ветер

Облачно време со врнежи од дожд и умерен северен ветер

Времето претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни, а во југоисточните делови проследени со ретки грмежи. Вкупната количина на наврнат воден талог од овој влажен бран на места се очекува да биде над 40 литри на метар квадратен.

Во текот на денот врнежите ќе престануваат, а облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната температура од шест до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до седум, а дневната температура до 12 Целзиусови степени.