Македонија Претежно сончево време, со услови за дожд попладне

Претежно сончево време, со услови за дожд попладне

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне се очекува локален краткотраен дожд со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура се движи од 3 до 10 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за краткотраен дожд и за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 22 Целзиусови степени.