Свет Европа Пресретнат шверцерски брод, спасени 2.000 бегалци

Пресретнат шверцерски брод, спасени 2.000 бегалци

Две лица се пронајдени мртви, а речиси 2.000 се спасени од рацете на криумчари кога италијанската крајбрежна стража пресретна шверцерски брод од Сирија.

Крајбрежната служба потврди дека спасувачката акција сè уште е во тек.

Во Европа по овој пат од почетокот на 2014 година стигнале речиси 330.000 луѓе.

Пред најновото спасување, УНХЦР пријави 9.500 пристигнати во италијанските пристаништа од почетокот на 2016 година.

Тој број, сепак, не може да се спореди со 143.000 кои пристигнале на грчките осторови од први јануари годинава.

Италијанските власти се загрижени дека со напорите да се затвори балканската рута, бројот на мигранти што ќе се обидат да стигнат на Апенинскиот Полуостров преку Либија значително ќе се зголеми.

Бројот на мигрантите што доаѓаат од Либија варира според временските услови на Медитеранот.