Македонија Преку ден сончево со облачност, попладне пороен дожд и грмежи

Преку ден сончево со облачност, попладне пороен дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер.

Утринската температура се движеше од 12 до 19 Целзиусови степен, а дневната ќе изнесува од 26 до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер.

Дневната температура ќе се искачи до 31 Целзиусов степен.

Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса, утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 30л/м2), во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Поради северниот ветер ќе има пад на температурите за 6 до 8 Целзиусови степени.