Свет Преговори меѓу Кабул и талибанците на крајот од месецов

Преговори меѓу Кабул и талибанците на крајот од месецов

Вториот круг директни „мировни преговори“ меѓу талибанските бунтовници и авганистанските власти за ставање крај на судирите, кои траат 14 години, ќе се одржат на крајот на јули, соопштија денеска авганистанските власти.

– Вториот круг ќе се одржи на 30 и на 31 јули. Преговорите најверојатно ќе се одржат во Кина. Во моментов Авганистан, Пакистан, САД и Кина договараат која земја ќе биде домаќин на преговорите – изјави Мохамед Исмалил Касимиар, член на Високиот мировен совет.

Првите контакти и официјални разговори меѓи завојуваните страни се одржаа на 7 и на 8 јули во Мереу, во близина на Исламабад, со посредништво на кинески и на американски дипломати.