Македонија Предизвикал пожари и ги признал делата – приведено лице од радовишко

Предизвикал пожари и ги признал делата – приведено лице од радовишко

Во еден од пожарите што ги предизвикал жителот на селото Али Коч, постоела опасност да биде зафатена и куќа

Извор на фотографија: Photo by Pamoni Photograph: https://www.pexels.com/photo/flames-in-close-up-view-2726986/

Два пожара летово предизвикал жител на радовишкото село Али Коч, при што во еден од пожарите постоела опасност да биде зафатена и куќа.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека полициски службеници од радовишката полициска станица вчера го лишиле од слобода 52-годишниот С.Р. Тој се сомничи дека во понеделникот предизвикал пожар на местото викано „Градска корија“ во Радовиш, при што биле опожарени шума и насади со тутун.

Приведениот бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото.

Тој признал и дека на 31 јули и 1 август годинава, предизвикал уште еден пожар и тоа на местото викано „Градска депонија“ во Радовиш. Во тогашниот пожар била зафатена сушница за тутун со низи, а постоела опасност од опожарување и на куќа.

Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случаите, во консултација со јавен обвинител, против жителот на Али Коч ќе биде поднесена соодветна пријава.