Главна секција Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на координација со партиското раководство

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на координација со партиското раководство

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред почетокот на продолжението на седницата на Комисијата за уставни прашања одржуваат координација со партиското раководство. Координацијата се одржува во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Почетокот на продолжението на Комисијата за уставни прашања на која треба да продолжи претресот за Предлогот за пристапување кон уставни измени согласно Договорот со Грција е закажан во 14 часот.

Претресот по оваа точка на дневниот ред почна во средата. Предлогот за уставни измени го образложи премиерот Зоран Заев. Во дебатата по претресот учествуваа пратеници од сите пратенички групи, вклучувајќи ги и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа против дневниот ред.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи седница на Извршниот комитет, на која лидерот на партијата Христијан Мицкоски вели дека ќе се заокружат подготовките за предвремени парламентарни избори.