fbpx
Таг: Комисија за уставни прашања

таг: Комисија за уставни прашања

Комисијата за уставни измени ги усвои сите нацрт-амандмани за промена на Уставот

Комисијата за уставни прашања викендов го усвои и четвртиот нацрт амандман со што заврши расправата по нацрт-амандманите на Уставот согласно Договорот од Преспа, помеѓу Македонија и Грција. Пленарната седница на која ќе се разгледуваат нацрт-амандните е закажана за 1 декември 2018 година. Расправата по амандманите во Комисијата почна на 7 ноември и беше предвидено да трае 12 дена, односно по...

Првиот амандман помина на Комисијата за уставни прашања со 10 гласа „за“

Заврши расправата за првиот од предложените амандмани за промена на Уставот. Членовите на Комисијата за уставни прашања со 10 гласа „за“ и 5 „против“ го изгласаа амандманот 33. Овој амандман гласи: Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36. Во продолжение на комисиската седница,...

Комисиската расправа за нацрт-амандманите на Уставот почнува денеска

Собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе ја започне расправата за четирите нацрт-амандмани на Уставот што ги достави Владата согласно Договорот од Преспа, со што започнува втората фаза од постапката за уставни измени. Расправата може максимум да трае 12 дена односно по три дена за секој амандман. Пленарната седница на која ќе се разгледуваат нацрт-амандманите, претседателот на Собранието Талат...

Комисијата за уставни прашања го усвои предлогот на владата за уставни промени

Со 10 гласа „за“ и 7 „против“ Комисијата за уставни прашања го усвои предлогот на Владата за пристапување кон менување на Уставот според Договорот од Преспа. Комисијата ја задолжи Владата во рок од 15 ден да подготви и достави текст со нацрт амандмани и да ги земе предвид забелешките изнесени на седницата на Комисијата. „За“ гласаа 10 пратеници од парламентарното мнозинство...

Заев до опозицијата: Знаеме дека сте против Договорот со Грција, но кажете како понатаму

Премерот Зоран Заев, на денешната седница на Комисијата за уставни прашања испрати апел до пратениците од опозицијата да размислат, како што рече, до самиот крај пред носењето одлука за уставните измени со кои ќе се спроведе Договорот со Грција. -Јасна е позицијата на опозицијата, вие сте против, но кажете како понатаму. Јасно е дека без опозицијата не можеме да го...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на координација со партиското раководство

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред почетокот на продолжението на седницата на Комисијата за уставни прашања одржуваат координација со партиското раководство. Координацијата се одржува во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Почетокот на продолжението на Комисијата за уставни прашања на која треба да продолжи претресот за Предлогот за пристапување кон уставни измени согласно Договорот со Грција е закажан во 14 часот. Претресот по оваа точка...

Втор ден комисиската расправа за уставните измени

Собраниската Комисија за уставни прашања денеска треба ќе ја одржи втората седница на која се расправа за уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Грција. Расправата почна завчера, но ставовите на власта и опозицијата не се променија. Власта смета дека ова е неповторлива шанса за напредок на Македонија и членство во ЕУ и НАТО, а опозицијата тврди дека процесот е...

Собранието на 15 октомври ќе одржи седница за расправа за уставните промени

Според веб-страницата на Собранието, претседателот на законодавниот дом Талат Џафери в понеделник, 15 октомври во 11 часот ја закажа седницата на која на дневен ред ќе биде Предлогот за пристапување кон уставни измени. Се очекува истиот ден да биде свикана и Комисијата за уставни прашања на која би почнал претресот по предлогот. Комисијата за Предлогот за пристапување кон уставни измени...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...