Македонија Пратеникот од германскиот Бундестаг, Мануел Зарацин, во посета на Македонија

Пратеникот од германскиот Бундестаг, Мануел Зарацин, во посета на Македонија

Пратеникот во германскиот Бундестаг и член во Комисијата за Европа, Мануел Зарацин, денеска е во посета на Македонија, на разговори со официјални претставници на Владата и на политичките партии за актуелната политичка состојба.

Освен средбите со македонските претставници, според најавите, Зарацин ќе разговара и со претставници на ОБСЕ и на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Пратеникот во германскиот Бундестаг, Мануел Зарацин, е член на партијата Сојуз 90 -Зелени.