Главна секција Пратениците едногласно го ратификуваа Протоколот за членство во НАТО

Пратениците едногласно го ратификуваа Протоколот за членство во НАТО

Собранието со 114 гласа „за“ го усвои Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор. Законот е со одложено дејство и ќе стапи во сила откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека нашиот пат кон НАТО, гледан низ призмата на изминатите три децении, не беше ниту малку лесен и беше испреплетен со многу турбулентни моменти.

На свечената седница во Собранието говореа претседателот Стево Пендаровски и координаторите на политичките партии кои се дел од овој парламентарен состав, а беа присутни и претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Заев, по седницата, на Твитер ја упати следнава порака: