Спорт Прандели: Пандев е повреден, затоа остана во Истанбул

Прандели: Пандев е повреден, затоа остана во Истанбул

Турските медиуми силно шпекулираа дека поранешниот напаѓач на Наполи е изоставен од тимот поради исклучително лошата форма

Галатасарај вечерва ќе има тешка задача да оствари позитивен резултат на гостувањето кај Борусија Дортмунд, а тренерот Чезаре Прандели објасни поради кои причини македонскиот интернационалец Горан Пандев останал во Истанбул.
Турските медиуми силно шпекулираа дека поранешниот напаѓач на Наполи е изоставен од тимот поради исклучително лошата форма, но, сепак, италијанскиот стручњак се обиде да ја смири тензичната ситуација поврзана околу името на Пандев.
– Горан Пандев заработи повреда на последниот трениг и само поради тоа не е во составот. Не сакавме да ризикуваме со него, тоа е единствената причина поради која тој не отпатува со нас во Дортмунд – истакнал тренерот Прандели, чија работа е доведена во прашање по неочекувано слабите резултати на Галатасарај во Лигата на шампионите, но и во домашниот шампионат.