Македонија Познат е редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче

Познат е редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните избори

илустрација: Мета.мк

Државната изборна комисија (ДИК) денеска преку жрепка го утврди редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните претседателски избори.

Прв на листата ќе биде актуелниот претседател и кандидат поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски. Под реден број два е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – Гордана Силјановска-Давкова. Трет е Стевчо Јакимовски како кандидат на ГРОМ, а четврт Бујар Османи од ДУИ. Петта на гласачкото ливче ќе биде Билјана Ванковска – Цветковска од Левица. Под реден број шест на претседателските избори ќе биде Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Европскиот сојуз за промени, додека седми е Максим Димитриевски како кандидат на ЗНАМ.

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април. Евентуалниот втор круг ќе се случи на 8 мај, денот за кога се закажани и парламентарните избори.