Македонија Пожарот меѓу селата Ѓермо и Селце веќе петти ден е активен

Пожарот меѓу селата Ѓермо и Селце веќе петти ден е активен

Според командирот на Противпожарната единица од Тетово, штетата од пожарот е многу голема бидејќи гори висококвалитетна шума

Фото: Центар за управување со кризи (15.04.2024)

Веќе петти ден пожарникарите се справуваат со пожарот на Шар Планина, кој започна кај село Ѓермо, а сега се прошири во близина на селото Селце.

Според регионалниот Центар за управување со кризи во Тетово, пожарот е на  „оддалечен и тешко пристапен терен, а гори букова шума, ливади и меѓни стебла и ниска вегетација“. Има тенденција да се шири.

„Овој дел од планината е под надлежност на Национален Парк (НП) Шар Планина и тие се првите кои треба да излезат на терен и да го локализираат пожарот. Излеговме на терен и до 21 часот го гасевме пожарот, а утрово од 7 часот повторно сме горе и продолживме со гаснењето заедно со вработените од Националниот парк. За жал, други институции не се вклучени и не знам зошто. Штетата од пожарот е многу голема бидејќи гори висококвалитетна шума“, изјави Авни Амети, командир на Противпожарната единица од Тетово.

Фото: Центар за управување со кризи

Во гасењето вчера интервенирале четири лица од НП Шар Планина, 4 пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, како и мештаните. Бил вклучен и еден хеликоптер на МВР што испуштил вода во седум наврати.

Според Амети, пожарите се предизвикани од човек.