четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Национален парк Шар Планина | 17 резултати

Националните паркови ќе добијат пари од буџетот и ќе наплатуваат влез

јануари 28, 2024

Четирите национални паркови во земјава, „Пелистер“, „Галичица“, „Маврово“ и „Шар Планина“, за првпат ќе добијат пари од буџетот во висина од 20 милиони денари или нешто над 325.000 евра. Институциите кои досега постојано се финансираа исклучиво од сопствени средства и донации, со одлука на Министерството за животна средина годинава ќе бидат директно финасирани, а целта […]

Ниту прогласувањето на Шар Планина за национален парк не го реши проблемот со отпадот – институциите молчат

ноември 10, 2023

Ниту прогласувањето на дел од Шар Планина за национален парк не ги спречи несовесните граѓани да ја зaгадуваат природата, а ниту пак институциите посериозно да пристапат кон решавање на овој проблем. Отпад и диви депонии има насекаде низ Шара. Овој проблем долги години никако да се реши, а граѓанското општество алармира: Ако сакаме Шар Планина […]

„Еко свест“ бара да прекине изградбата на мали хидроцентрали на Шар Планина

јули 21, 2023

Институциите не го почитуваат ветувањето да се забрани изградба на мали хидроцентрали во заштитените подрачја, со што се нанесува штета на природата и на здравјето на луѓето, а за тоа некој мора да поднесе одговорност, реагираат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“. Реакцијата следува по информациите од управата на Националниот […]

Спасена мечка заглавена во сајла во бачило на Шар Планина

јули 8, 2023

По дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, Националниот парк Шар Планина заедно со стручни лица од Зоолошката градина на Град Скопје организирале акција за ослободување на животното, која била успешна. „Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по три […]

НП „Шар Планина“ ги забрани моторните возила и објави мапа каде смеат да се движат

јуни 23, 2023

Националниот парк „Шар Планина“ донесе одлука за забрана за движење на моторни возила надвор од дозволените патишта во рамките на заштитеното подрачје. Како што информираат од управата на паркот, забраната важи за секое движење во природа, освен во населените места и на постојните патишта, а целта е да се заштитат природните вредности од деградација и […]

Националниот парк „Шар Планина“ доби План за управување

март 29, 2023

Националниот парк „Шар Планина“ доби План за управување до 2031 година, по долготрајни консултации на околу 70 експерти. Министерството за животна средина денеска информираше дека документот што е одобрен треба да биде алатка со која новото јавно претпријатие ќе обезбеди заштита на биолошката разновидност и зачувување на дивиот свет во паркот, но исто така и […]

Планот за управување со националниот парк „Шар Планина“ веќе четири месеци чека согласност од Министерството за животна средина

март 15, 2023

Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ веќе четири месеци чека согласност од Министерството за животна средина. Управата на Националниот парк тврди дека планот од декември па досега е испратен дури три пати до Министерството за животна средина и дека за тоа поседуваат архивски броеви, а испратен е и во електронска верзија на два […]

Шар Планина една година е национален парк, но сè уште не се знае дали ќе се градат мали хидроцентрали или не

септември 22, 2022

Ќе се откажат ли инвеститорите кои имаат концесии во заштитеното подрачје на новиот Национален парк „Шар Планина“ од изградба на мали хидроцентрали и колку пари ќе побараат како обесштетување? И по една година од прогласувањето на паркот, овие прашања сè уште немаат одговор. Минатата година во јули, кога беше и прогласен четвртиот национален парк во земјава, министерот […]

НП „Шар планина“ сѐ уште не е во функција, граѓаните се жалат на заканите за планината

септември 17, 2022

Нацрт-планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ за периодот 2022-2031 година има нејаснотии во толкувањето. Ова беше еден од проблемите што беа посочени во јавната расправа за Шар Планина, за што Министерството за животна средина и Даниел Богнер, експерт за управување со заштитени подрачја, ветија дека ќе ги поправат во наредниот период. Новата јавна […]

На 16 септември ќе се одржи јавна расправа за планот за управување со Шар Планина до 2031 година

август 16, 2022

Во Тетово на 16 септември ќе се одржи јавна расправа за Нацрт-Планот за управување со Националниот парк Шар Планина за периодот 2022-2031 година и Нацрт-Извештајот за стратегиска оцена врз животната средина за изготвениот нацрт-план, информираат од јавната установа Национален парк Шар Планина (ЈУНП Шар Планина) и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Тие […]

Се чистат дивите депонии во Националниот парк „Шар Планина“

август 4, 2022

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заедно со директорот на Управата за животна средина при МЖСПП, Хисен Џемаили, и директорот на ЈУНП „Шар Планина“, Ибрахим Дехари, денеска направија обиколка на активностите за чистење на дивите депонии и транспорт на отпадот на дел од предвидените локации што се наоѓаат на територијата на Националниот […]

Повеќе од 30 пожарникари-доброволци летово ќе ја чуваат Шара од пожари

јуни 24, 2022

Повеќе од 30 волонтери од граѓанското Здружение за унапредување мерки за заштита од пожари „Доброволно пожарникарство“ од Тетово, заедно со граѓани од седум општини кои гравитираат на територијата на новиот национален парк „Шар Планина“ ќе се грижат за безбедноста и заштитата на планината од пожари. Волонтерите деновиве поминаа обука за справување со пожари на отворен […]

Само еден концесионер на мала хидроцентрала во Националниот парк „Шар Планина“ се откажал, останатите бараат обесштетување

мај 25, 2022

Концесионерите на четири од седумте мали хидроцентрали кои се зацртани во Националниот парк „Шар Планина“ побарале надомест за вложените средства за да се откажат од изградбата. Само еден концесионер на две мали хидроцентрали во досегашните преговори целосно се повлекол и не бара компензација. Во рамките на новиот национален парк, веќе се изградени и пуштени во […]

Страна 1 од 1