Свет Европа Голем пожар зафати зграда во Лондон, но нема повредени

Голем пожар зафати зграда во Лондон, но нема повредени

Голем пожар зафати зграда во Лондон, а во негово гаснење учествувале 120 пожарникари и 25 пожарникарски возила.

По едночасовно гаснење на огнот, официјални лица од пожарникарската служба изјавија дека, неколку екипи останале на местото на настанот превентивно.

Станарите, но и луѓето кои во тој момент се наоѓале во блискиот трговски центар, на време биле евакуирани.

Според лондонската пожарникарска служба нема повредени во пожарот, а истрагата за причините за негово настанување е во тек.