Свет Балкан Пожар во Уранополис

Пожар во Уранополис

Пожарот што денеска изби во местото Уранополис на грчкиот полуостров Халкидики делумно е ставен под контрола, јавуваат грчките медиуми.

Противпожарната бригада се обидува да го изгасне пожарот, кој ја зафатил и боровата шума. Причините за пожарот сè уште не се познати, а засега не може ниту да се процени предизвиканата штета.